со (предл.) - сознание (имн.)

И така, тргнува да весла, без платно, научена дека љубовта нема ама баш никаква врска со гужвањето чаршави, па сама веќе си ги одвоила тие две категории исто како и „појаките“ и олеснета со сознанието дека на наткасната никој нема да ѝ остави банкнота (е тоа е понижувачки!), без прибор за лов и риболов, се фали јавно со уловот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се потпре на својот неотсапен крлук и почна: - Заклучно со сознанијата што ги имаме добиено до пред еден час, другари команданти, положбата на фронтовите е следна.... - тој направи подолга пауза, редум погледна на присутните. - 107-та бригада држи позиции на секторот Краставец - Чрно; 14- та бригада го држи секторот Пиргос Котили - Горуша - Синорите; 16-та бригада - Горна Арена - Црн Камен и 103-та бригада Ќафа - Скирца - Грамос.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)