со (предл.) - тресок (имн.)

Железната врата се отвори со тресок. О'Брајан влезе во ќелијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Однадвор допре тропот на чизми во марш. Железната врата се отвори со тресок.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Младоженецот го крена шишето и со тресокот го удри од подот. Илјади линциња заѕвонија по чардакот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тропна надворешната врата, се слушнаа чекори, со тресок се отвори вратата од кујната и, - ете ти го Мирко. - Мамо, лепче!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Светлана влезе со нарамокот и со тресок го истури во сандакот до шпоретот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа само гласно мјаукна кога се удри од аголот на ниското шкафче и преврти една столна ламба, која падна со тресок и се искрши.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Мац, мац, ела мац! - викна со главата свртена накај прозорецот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сѐ уште седеше во празната соба кога предната врата се отвори со тресок.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Вратата на ракетата се затвори со тресок. Вселенскиот брод се вивна во небото.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)