И јас заличив на инженер, облечен во виндјакна, со чевли планински, со повисоко грло, и со една капа со сенчило, која понекогаш ја ставав, а понекогаш ја вадев.
               
             
           
            
            
              „Бунар“
               од Димитар Башевски 
              (2001)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Ова е погоден рај за бандити  подли политички хермафродити  глумат елита на виенски бал  опинчарски души со чевли во кал  Капитализам и посткомунизам  модерен роб на феудализам  на секој чекор со непотизам  новиот светски примитивизам
               
             
           
            
            
              „Проклетници“
               од Горан Јанкуловски 
              (2012)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Гледал народот со чудење и страв во отворениот гроб, а таму лежел Сане Сандин со качкет на главата, со црвен минтан, со чевли од мукава на нозете.
               
             
           
            
            
              „Захариј и други раскази“
               од Михаил Ренџов 
              (2004)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Така правевме неколкупати, од младешки бес (ја исмејувавме сиромаштијата!), а луѓето зјапаа во нас; еднаш зјапаа и некои девојчиња и се кикотеа, и јас се сеќавам дека поради штосот со чевлите тие се забавуваа цела ноќ со нас, а ние ги потрошивме и последните пари; решивме да ги одведеме во кино, но таму не нѐ пуштија со по еден чевел; Земанек се расправаше, и потем ги продадовме картите и отидовме во кафеана.
               
             
           
            
            
              „Папокот на светот“
               од Венко Андоновски 
              (2000)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Црната чанта од мека кожа, со форма на кенгурска торба, ѝ се нишаше на рамото додека нежно чекореше со чевлите со високи потпетици и со ремчиња на горниот дел.
               
             
           
            
            
              „Невестата на доселеникот“
               од Стојан Христов 
              (2010)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Го зедов ќесето со чевлите, истрчав по улицата и во првата темнина ги фрлив.
               
             
           
            
            
              „Захариј и други раскази“
               од Михаил Ренџов 
              (2004)