со (предл.) - јадица (имн.)

„Тој е тип на човек што не загризува лесно на мамка, но ако загризе, тогаш ја проголтува мамката заедно со јадицата.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ми рече да седнам и јас да се обидам со јадицата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но како да ја вратам? Да ја ловам со мрежа, со пушка, со јадица?
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Си врвеше тој ден рибарот дедо Гога покрај реката, со јадица преку рамо и празна торба на грбот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Осетив дека, обидувајќи се да ми објасни како да постапувам најдобро со јадицата, Симон се доближи до мене и се допре со неговата нога до моето колено.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Зедов едно гранче и нацртав на земјата палјачо со најголеми чевли на светот и само малку помала уста од тие чевли.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- Да... - рече Дејко, - само ако нејзината крв дојде во допир со крвта на човекот... преку некоја рана, преку боцнување со јадицата на која има крв од јагулата, или ако нејзината крв влезе во човекот преку шуплив, расипан заб...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)