со (предл.) - волшебен (прид.)

Избирај: или засекогаш остануваш со волшебни раце или засекогаш ја губиш волшебната моќ - рече старецот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Од Бадник до Василица, можеби до Водици ќе нѐ будиш со волшебната музика на сјајот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Чистиот воздух за кратко време успеа да ме опие и ко со волшебна рака да ми го светне омацуреното лице.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Погледнувам нагоре. Ја нема полицата. Го нема полуиспразнетото, прашливо шише со волшебна напивка.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)