Пред пештерата каде што е закопан последниот калуѓер, секоја вечер од манастрискиот клет, од ноќвите, истрчува жена во црно облечена, без лице и остава барде со манастирска вода и троа леб.
               
             
           
            
            
              „Захариј и други раскази“
               од Михаил Ренџов 
              (2004)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Петре, ибн Бајко, иако манастирот беше, што се вели, не само близу туку поблизу и од трепката до окото, веднаш спроти Скопје, над реката Серава, а на ридот што се вика Вергин, одвај дочека да го пратат на панаѓурот со манастирските чоеци, па да слезе во градот како што тој милее, да слезе и да го разгледа градот што ти имал  сто и дваесет чешми и сто и дваесет џамии, над четириесет меани и маала, себил анои и амами, за кои беше многу слушал.
               
             
           
            
            
              „Вежби за Ибн Пајко“
               од Оливера Николова 
              (2007)