со (предл.) - машки (прид.)

Брзо се преврте во креветот, грабна еден чевел од подот и го фрли во аголот со машки замав на раката, исто онака како што ја виде она утро како го фрла речникот по Голдштајн, за време на Двете минути омраза.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не бира со кого се тепа. Се тепа и се расправа и со машки и женски.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа младо курвиче разви свој центар. Се врза со Нигеријците, брзо се вклопи во студиото на Ема, соработуваше со Машкото друштво „Осамени срца”.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Девојките, оние што пред тоа се колнеа со машка горчливост дека на Кукулино ќе му ги свртат русите плетенки и ќе отидат далеку, во Германија и во Шведска, како слугинки или болничарки, ги поткренаа градите и се стегнаа: старите погодуваа дека тие ноќе ги сонуваат тешките раце на вдовецот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Женско лице со машка насмевка...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но големата жена, со машки разголени раце, го стаса пред тој да се префрли.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во случајот со машкиот геј- субјективитет, еден начин тој да се обезличи, да се обеспоединчи и да се распсихологизира би бил да се праша како машкиот хомосексуален порив се поврзува со особените културни облици, стилови, начини на чувствување и видови дискурс.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Косите, повеќе лилави отколку црни од јад или побелени од спомени, ѝ ѕиркале од под забратката и биле некако призалепени за скаменетото лице што не познавало насмевка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јастрепски остроока, подгрбавена аглесто и со машки објала под црната калуѓерска облека, така што дури и рамениците ѝ личеле на скршени или преморени крилја, изгледала дека никогаш веќе не ќе зачекори по таа земја на тага, дека ќе остане на тоа и свето и проклето место, помеѓу две нездрави црни борови стебла, и самата да пушта од себе испреплетени корења и да го наслушува со накривена глава минатото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Една слаба рака со машки влакненца и широка бакарна алка се проби низ толпата околу масата и ѝ понуди запалка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Повторно го видоа дури кон крајот на есента, во еден рибен ресторан во Барселона, облечен во истиот невообичаен комплет и со косата сплетена во долга плетенка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога ќе пораснете да се одликувате: со машка сила, надворешност, вештина и леснотија во своите вежби! Вие немоќни и сакати да одите на море.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)