со (предл.) - особен (прид.)

Така сега Крле прескочи уште првата година во II одделение и со својата бистрина и надареност просто го зачудуваше како даскалот така и сите ученици, а најмногу од сите се чудеше и со особено задоволство се насладуваше Нешка, која сега немаше потреба на часот скришум да го погледнува, ами на секој одмор сѐ го дочекуваше заедно да излезе со него и брата ѝ Стојана и тројцата да си ги повторат задачите или да си играат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Милан Саздов - пишува Шатев - преку целата зима ја исполнуваше наложената конспиративна задача со ентузијазам и секогаш со особена радост.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Компаративното изучување на разните стари алфабетски системи на писмо ја реконструира типологијата на настанокот на писмото и дава општа слика на процесот на создавањето на алфабетскиот систем на писмо врз основа на систем на писмо- прототип, што е земен за пример и што служи како модел за новосоздаденото писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но кога Трајко му рече дека е испратен од селаните, а кога подвлече со особен тон дека носи и пари за тоа, владиката го промени тонот на својот разговор и му вети дека ќе им ја исполни желбата на селаните, толку повеќе што го познава човекот и лично, та сака и нему да му направи добро, верувајќи дека со тоа ѝ прави добро на црквата, на верата и народот, бидејќи Петко беше сигурен во секој однос.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Уште од првиот ред таму се нагласи дека темата што ќе се изучува се однесува на тоа како мажите што веќе се геј се здобиваат со свесен идентитет, со заедничка култура, со одреден светоглед, со заедничко чувство за себството, со свест дека ѝ припаѓаат на посебна општествена група и со особени сензибилитет и субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Професорите по струката беа повеќе од задоволни, освен што си дозволуваа творечка слобода онаму каде што не мораше да се придржува до ликовната дисциплина, додека професорите по теоретските предмети му прогледуваа низ прсти во кои тој не се пројавуваше ни со очекуван интерес ни со особена смисла.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Првата и основна етапа на овој процес, јасно е, прет­ставува расчленувањето на фонетската страна на јазикот во одделни фонетски единици, кои би требало да бидат изразени со особени графички симболи на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)