со (предл.) - сончев (прид.)

Се наоѓаше во средината на некаква голема празна рамнина, една рамна пустелија натопена со сончева светлина, преку која сите звуци допираа до него како од огромна далечина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како музиката да беше некаква течна материја која се разлева по целото негово тело и се меша со сончевата светлина што се цедеше низ лисјето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јунското сонце беше сѐ уште високо на небото и долу во дворот исполнет со сончева светлина една огромна жена, цврста како нормандски столб, со мускулести црвени раце и со мокро утаре врзана околу половината, тупкаше горе-долу помеѓу едно корито и жицата за сушење алишта, простирајќи мноштво бели платнени квадрати во кои Винстон препозна бебешки пелени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Заедно со сончевиот залез две чаши, со пенливо фрушкогорско вино, наздравуваа за иднината.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Оние што ќе згрешат душа, а тоа само еднаш се случило, ги прогонуваме. За нив веќе нема враќање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Грбниците на ридиштата биле поделени со сончева дарежливост и со сини сенки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што било потаму? Ништо... Кога до жолчка понижениот Адам Лесновец (самиот тој од гордост си го измислил славољубиво второто име) се вратил во пештерите и кога раскажал, издувувајќи ја со зборовите и маката од себе, дека се повлекол пред жените зашто не сакал да ги тимари (кобилите, рекол) со ластегарка од жал кон животворното млеко што можело да им секне а кое утре требало да ги израснува идните каменоделци, луѓето се насмеале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа бил миг што еднаш во годината се јавува: наеднаш од две страни зачикчирикале две птици исплакнувајќи си ги грлата со сончева гаргара; потоа попукале сите возможни пупки на дрвјата и на грмушките, бело, жолто и румено, и го поплавиле светот со сладок мирис од кој и лицата на старците се измазнувале; и потоа од проѕирните далечини како да надошле златни потоци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој ден во градот почнаа да се случуваат најневозможни, просто несфатливи нешта: наеднаш цела една петокатница блесна како илјадници невидливи молери да ја премачкале за секунд со сончева боја; наеднаш една липа се претвори во златно дрво, чии лисја место да шушкаат нишани од ветрот, почнаа да ѕвонат; наеднаш железната ограда на мостот стана златна, а еден минувач изненаден од тоа, падна во реката...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)