Помолча отец Иларион, отпива од виното и продолжи:  - Свети Јован Златоуст вели дека душата човечка е дух умен, беспримерна и неописива убавина, самовласна, света, суштина сродна со небеските и бестелесните битија, вечна, бесмртна; слична на бога, зашто го носи ликот на својот Творец. А животните таква душа немаат.
               
             
           
            
            
              „Злодобро“
               од Јован  Стрезовски 
              (1990)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Го следи движењето на големата колона која по беспримерниот и налудничав јуриш со кој е скршен обрачот на противникот, во трчање се растури кон селото Ревани.
               
             
           
            
            
              „Големата удолница“
               од Петре Наковски 
              (2014)