Така, притисоците што ги чувствуваа врз себе, но и општата напнатост којашто ја споделуваа со останатите, Шабтај и Јаков и другите битолски занаетчии и жители на двете еврејски маала ги поднесуваа молкум, на начин што подразбираше подготвеност за нови тешкотии.     Рена и Шабтај ја привршуваа вечерата во тишина, кога по тесните искривени дрвените скали се слушнаа брзите крцкаво најавени чекори на Јаков.
               
             
           
            
            
              „Светилка за Ханука“
               од Томислав Османли 
              (2008)