благ (прид.) - во (предл.)

Обично им беше приврзан на темите за кои пишував, беше благ во критиките, ретко многу критичен.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Па однеси ме па однеси ме велам ти детство однеси ме ти песно старост вечна и незаборавна ти најголема илузијо без метафора прозору неспретно отворен грубо длабок за сите бои на вечноста Однеси ме низ овој дожд ти врвицо за да ме вратиш блага во овој пристан мал во ова нежно седло на сонот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Спрема неа бил благ во говорот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Беше ситен и жилав, благ во лицето и уште поблаг во зборењето, работлив и сиромав, со живи очи, сиви мустаќи, јаки безболни заби.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Беше ситен и жилав, благ во лицето и уште поблаг во зборењето, работлив и сиромав, со живи очи, сиви мустаќи, јаки безболни заби.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)