благодарен (прид.) - на (предл.)

Сигурно за многу нешта сте им благодарни на своите учители, но сигурен сум дека за многу нешта и им се лутите.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Професор Ричард тврдеше дека 34 конквистадорите за своите успеси во Америка не треба да им бидат толку благодарни на коњите и на барутот, колку на бродовите, односно на фактот дека за нив, наспроти поимањето на Индијанците, скокот преку океанот беше наполно овоземска работа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Избран ли е наврапито, избран ли е со некаква злоба меѓу толкумина други, или пак со него валијата, сметајќи го за слабак, одново си поигрува ликувајќи, за да му каже кој е заправо тој, не она што мисли, па да го понижи, и да го примора уште еднаш на покорност и спремност да биде благодарен на сѐ?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И има зошто да ѝ сум благодарен на баба Ленка, стројничката! (Влегува баба Ленка)
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
За тоа сме им благодарни на корчанските активисти на Македонската алијанса за европска интеграција во Албанија, Тачо и Јован.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Луѓето живееја од свои и туѓи неволи и ги паметеа дробните настани, благодарени на судбината што понекогаш ја растерува сивата магла на секојдневието.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)