А тоа што не е  Ах, тоа што не е  Некаде самува  И таговно  Пее.      кожата   Црниот  Кафез  На моето  Бело  Пиле.      кавал   Блажена гранко  Дрво,  Низ кое се расточува  Мојата  Лелеава  Душа:  Кавал.      од полен - болен   Од полен  Болен  Од Билки  Збран  А  Не-  раз-  бран.      кој целееше во птицата   Утринава  Си го држам срцето в раце  И  Прашувам:  Кој целееше во птицата  Та мене ме погоди?      се будам...
               
             
           
            
            
              „Вечната бесконечната“
               од Михаил Ренџов 
              (1996)