вграден (прид.) - во (предл.)

Иако не умее да ги прочита, Константин знае што тие означуваат: тоа се еврејски записи на имињата и презимињата, епитетите, датумите на раѓањата и на смртта и епитафските пораки на надгробните споменици од луѓе закопани, некои и претворени во прав и пепел, на штипските еврејски гробишта, од тој бизарен мермерен мајдан на завршени човечки судбини, од тој неколку стотици години стар скаменет дел од штипското градско сеќавање од каде се земени старите надгробни плочи на вознемирените покојници и се вградени во основата на базенот од Кежовица, бањата со лековити термални води.  Тие води не му помагаат на Константин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Поради особено важното место коешто Крлежа го зазема во тоа културно наследство, поради неоспорниот углед што го има Станко Ласиќ како општопризнат првокласен хрватски интелектуалец, поради несомнената упатеност на критичарот Висковиќ, но и поради нескриеноста со која се врши манипулација со тоа наследство (во истото интервју на Висковиќ дознаваме дека мислата на Крлежа е вградена во програмските темели на владеачката партија, а исто така и за идејата на Виктор Жмегач за чистењето на Крлежа од политичките импликации во неговото дело), Ласиќевото промовирање на починатиот Крлежа во советник на Туѓман станува дрзок предизвик за цела една генерација која во критичкото пресметување со традицијата и со нејзините самопрогласени чувари и толкувачи допрва мора да се избори за својот сопствен интелектуален идентитет.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Не е вградена во почетокот на она што ќе го работам.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Протнувањето низ него во секој случај би било тешко и неизводливо поради железните решетки поставени вертикално на секои десетина сантиметри и вкопани во буковата рамка што е вградена во ѕидот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Па иако тие среќници (или несреќници) не можеле да ја објаснат оваа своја способност, сепак можеле да го наслутат постоењето на таквиот механизам!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислите и желбите им наликувале на врзани садови веројатно вградени во нивните сетила.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На крај, ќе зборувам за тоа што може да биде корисно доколку ја гледаме терапијата како разговор. * * *
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
По вклучувањето на Еми во екстернализирачките разговори за anorexia nervosa преку истражување на нејзините реални ефекти во животот, таа почна да идентификува различни практики на само- управување - дисциплинирање на телото - и само-определувања кои биле вградени во anorexia nervosa. Anorexia-та повеќе не беше нејзиниот спасител.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
За своето учество во активностите на потчинување на сопствениот живот, таа смета дека тоа се активности на ослободување.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Несериозното сфаќање на неавтентичноста што му е вродена на општествениот израз на чувствата е одбивање да ѝ се верува на збор на трагедијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Истото важи и за јуначкиот вид на мажественост во писмото на трагедијата: штом достоинството ќе му излезе претерано и ненужно, статусот неповратно му се снижува и се сведува на високопарна поза, на празен блеф, на претерана глума, на песна и танц.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто, ако излезе дека таа неавтентичност не е трагичен израз на моралните ограничености што се вградени во самата структура на човечкото постоење – ограничености што само јуначкиот мажествен стремеж, во својот ревносен обид да ги надмине, може да ни ги открие и да нѐ натера да се соочиме со нив – и ако, наместо тоа, излезе дека неавтентичноста е само комична – некаков срамотен, дисквалификувачки, па дури и урнебесен ефект на секојдневната изложеност на суштествувањето како играње улога, а оттука и на културните значења како чинови на општествениот театар – тогаш трагедијата се растоличува од својата положба на првовеликост, ѝ се обезвреднува мудроста, а патосот ѝ се поткратува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А тоа, оттаму, значи мажественоста да се лиши од јуначкото величие и од самочувството за сопствената важност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Еден разлог зашто повеќето феминист(к)и се опираат на прагматистичкото гледиште за политичката корисност на философијата е дека маскулинизмот изгледа потполно вграден во сѐ она што го правиме и кажуваме во современото општество, така што се чини дека можат да го поместат само некои навистина масивни интелектуални промени.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Најубавите бои што некогаш сум ги видела на нешто тоа беа овие стакленца со голема умешност вградени во прекрасни слики.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Секој камен вграден во нив како да зборуваше за сето она сто негогаш се случувало во Париз.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Доволна е казнената закана на самиот закон.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Толеранцијата не е од тој вид. И кога говорот за толеранција е политички, скоро секогаш цели на вредносната определба на постапувањето и однесувањето, што правно не е санкционирано, на вредноста што делува “покрај” системот казни и награди, вградени во правното уредување. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 81
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Што се однесува до постапките што се во доменот на правото, наговарањето на толеранција е излишно.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Несомнено е дека нашата стара словенска вера е вградена во новата, заедно со паганските култови, со обичаите и боговите кои добиле нови имиња.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таа стратегија е вградена во нејзините гени и може да се менува преку мутација или рекомбинација на нејзиниот генетички материјал.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Мојата баба како да беше одраснато сираче, небаре вградена во куќата крај Езерото, како во една поприфатлива и почовечна варијанта отколку во балканските легенди, во кои млади мајки се вградуваа во темелите на видни градби, за да се смилуваат злите и кобни сили да ѝ ја поштедат градбата од мистериозно уривање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но истиот полуостровски дух не бил забележан и на Балканот? запраша Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Битно е што таа синтеза беше можна и што нејзините поуки не се исчезнати туку се вградени во шпанската суштина!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Исто така, чувствувам дека сомнежот што е вграден во голем дел од Марксистичката теорија, исполнет со страв од моќта на угнетувањето, не може да функционира прагматично, дури и ако овие теории произлегуваат од сигурноста на академскиот контекст.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ѕидовите се украсени со народна резба. Долапите се вградени во ѕидот.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Тој не може едноставно да биде вграден во сечиј начин на живот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Нормално, стимулансите патуваат без економската и социјална база од која би израснале, тие се стекнуваат со некој вид независност, станувајќи така стиму­ланси дури и таму каде што не постојат услови за нивен процут. 76 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)