верен (прид.) - на (предл.)

Не можевме да го заборавиме денот кога брат ми партиец пресуди, а татко ми се согласи козата да се вика Сталинка, макар што тој си остануваше верен на определбата да се ослободуваме од имиња на војсководци, светци, ослободители, да бараме имиња меѓу цветовите, природата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дури Тренков и другите организациони дејци, по страшните порази, се откажаа од борбата и од нападнувачка поминаа кон одбранбена борба, Толе си остана верен на својата клетва, дадена уште при напуштањето на кошарката од татка му Трајка во Крушевица, дека ќе се бори и ќе коле, тепа Турци изедници, а и нивни помагачи од која било вера.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се раскара со Бешот и другите организациони луѓе, го протепа во Градешница и самиот селски војвода Гулета, ги тевтиши Старавинци, Вешивци, Грунивци што избегаа од Витолиште и ја почна пак арамиската.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Додека дивечот, (волците, мечките, лисиците, зајаците, јазовците, ласиците, смрдулките и куните) зашто нема кој да го прогонува и лови, се намножи до загрижување, преку цел ден и преку цела ноќ, страв да те фати, слушаш како тулилка, завива, кашла и си ги секне грлата во гората и во полето, птиците, пак, си мисли на барските, (чапјите, норците, галебите, пеликаните, кормораните, дивите пајки и дивите гуски; штрковите следејќи ги старите навики и стариот инстинкт, сѐ уште ѝ се верни на Потковицата, населбата на Станкоски Рид готово ја претворија во колонија на штркови: на покривот на секоја куќа, на оџакот на секоја напуштена куќа, има направено седело од штрк по мелиорацијата на мртвиците и Блатото, сосема, сосема, се изгубија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За разлика од оние другите, од родот на грабливците, (орлите, соколите, сојките, ветрушките, бувовите, утките, чавките, страчките) па оние од родот на полските (еребиците, дивите кокошки, дропките, тресопатките, потполошките, белоперките, чурлините, чучурлигите, полските врпчиња, дивите гулаби) па оние од родот на шумските, (кукавиците, пупунците, чукајдрвците) па и оние, слаткопојните, (славеите, трнарчињата, сколовранците, гугутките, сипките и другите) кои ги има плипотници.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мајка остануваше верна на татковите одлуки, макар што најчесто таа ги доживуваше најголемите тешкотии во нивното спроведување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Застрашувачко продирање во сржта на мракот кој владее над Албанија во времето на Црвениот султан, како што го нарекуваа Енвер Хоџа, при што авторот останува тврдоглаво верен на својата почетна намера: да се откријат во ткаежот на балканските времиња за подобро да се согледа целата шара.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Албанскиот муслиманин не им се потчинува на доктрините, ритуалите и церемониите, тој не бил верен на обврските од својата поранешна вера и затоа Отоманците ги гледале со преѕир.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сите овие години во циркусот се обидував да направам копија, да се сетам на сите стихови од песните, но тоа беа безуспешни обиди; постојано, всушност јас пишував нешто ново, нешто додавав, некаде пак одземав, оти не можев да се сетам на сите тие нешта; и конечно, се откажав од таа целосно бесполезна и луда работа: создавање копии сосема верни на оригиналот).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таква мислост кон нашиот народен јазик треба да имаме и ние, ако сакаме да му останеме верни на духот на нашите предедовци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да си го зачува некој својот народен јазик и да го брани како светиња, значи да му остане тој верен на духот на своите предедовци и да почитува сѐ што имаат тие направено за своето потомство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Има уште илјадници души од родот твој што како и тебе не клекнаа на колена и им останаа верни на коските на своите татковци!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И секогаш, и на сув камен, му успевало да создаде леб, постојано верен на сите оние клетви, заедно со кои и беше создаден, таков, немајќи потреба да ги оттурнува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во нивните исплакани очи секако веќе и немало солзи: Господи и мајко богородна и Гавриле Лесновски, стоплете им ги душите на Богдан Срменков (дванаесет години) на Горан и Јордан Пенков (тринаесет и шеснаесет години), на Салко Пребонд (петнаесет години) и на Климент Темелковски (шеснаесет години), но коските молчеле далеку од сите очаености на живите, и му биле верни на чудесниот спокој што ни бара ни прима утехи во својот заборав за она што е ден и она што е ноќ, за сѐ што е грч на тегоби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И останале со положени дланки на плочите и со молитва од која само усните им потреперувале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас на истиот начин чезнеам по недопрената, далечна и верна на себе, Јапонија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но таа се чувствуваше вкоренета за поголемиот дел од семејството, макар што живееше сама, со татковите книги, со духот на неговото присуство, на кој му остана верна на еден метафизички начин.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Арафат е значаен за нашите позиции во движењето на неврзаните, но и за нашите економски позиции во регионот на арапските земји.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За мене тој беше непризнатиот дипломат на земјата која не постоеше, на земјата на животот на своите чеда, по чиј живот можеше да се трага, останувајќи верен на потрагата по него во сопствениот живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не заборавајте, Палестинците се чувствителен народ, но верни на пријателствата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И мојата судбина ме водеше да се соочам со корнеевската позиција на владетелот Бургиба, обземен од страста да владее, од идеалот да му остане до крај верен на божјиот повик и на самата неумолива реалност.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Романците, Грците и Турците го сметаат за свој, а тој до крајот на животот ќе остане верен на своето албанство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тие не ѝ беа верни на Партијата, или на државата, или на идејата, тие си беа лојални еден на друг.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Рекле така ќе биде и секој ако не му се свиде Може друга улога да избере на овој терен Што не значи дека друг гајле ќе му бере Ниту дека ќе остане до крај верен На својата кауза, ако си земе пауза.
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Оставајќи тие песни во нивниот првичен, автентичен поетички вид без посегање во нивната поетска суштина, сакав, не без извесна носталгија и сентимент, да му останам верен на тоа искуство.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Им одржал говор, им рекол дека се добри луѓе, верни на туѓинците, ама едни на други понекогаш си се ѕверови.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се обидуваше, со сите сили, додека ги имаше, сѐ до залезот на својот живот, да ги надополни овие две големи празнини, првин, станувајќи голема мајка на своето семејство и да трага по својата загубена татковина, останувајќи му верна на митот на враќањето во неа, носејќи ја постојано со себе врската на клучевите од напуштените куќи крај морето, крај Езерото, низ повеќе генерации на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Некои му пристапиле, но смоквата му останала верна на бога.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Минале илјадници, милиони години, човекот и покрај сите тегоби и неволји, му останувал верен на Езерото и на животот во него, на сите животи. На јагулите и на пастрмките. На сунѓерите и на микроорганизмите. На сите животи во храмот на природата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Остана верен на обичајот, кога го плени нова идеја според неа да го смени и распоредот на книги во библиотеката.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Дедо Мраз го ставил своето огледалце на капката, односно на празнинката од глобусот, и замолил тивко, тивко: ОГЛЕДАЛЦЕ, ОГЛЕДАЛЦЕ, НАЈВЕРНИЧКО НА ДЕДО, ВО ГЛАВАТА ДАМНА МИСЛА ЧУДНА ГЛОЧКА: КАЖИ МИ, ТЕ МОЛАМ, ШТО ЛИ СЕ КРИЕ НА ГЛОБУСОВ ЗАД ПРАЗНАВА ТОЧКА?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Таквите личности, и самиот знаеш, се вљубуваат само еднаш во животот и до крајот ѝ се верни на таа своја љубов.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не го лажев, колку-толку се трудев да бидам фер, без разлика на неговите постапки, јас стоев на своето и бев верна на сопствената личност.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)