Постојаните емиграции на Евреите ќе ја чуваат и зајакнуваат во нивната колективна имагинација и меморија вкоренетата сознајба во свеста за нивната изгубена родна земја.
               
             
           
            
            
              „Балканвавилонци“
               од Луан Старова 
              (2014)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Татко често размислуваше за сложениот еврејски идентитет создаван најмногу во меандрите на егзилот, почнувајќи, според Стариот завет, од нивниот егзодус од Египет до нивната Ветена земја, од егзодот од Палестина, преку ропството под Римската Империја, прогонството од Шпанија, за централниот хебрејски јазик, но и за двата признати јазици на дијаспората  јидиш на северните Ашкенази и јудеошпанскиот на јужните Сефарди.
               
             
           
            
            
              „Балканвавилонци“
               од Луан Старова 
              (2014)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  ...неверниот зрак што прска по фотографиите ја пронаоѓа средишната наречена три генерации мојот покоен дедо покоен татко и јас композиција смирена дури класична за албумот на метаморфозите процесот е тука речиси завршен и малите заеднички спомени собрани во лежерната опуштеност на телата несогласеностите израмнети во трите споени фотелји како на фреските со светите воини во царството на прездивот битките урнатините светилиштата раните ветени земји се зад вратата во ноќта дури и смртта дури и господ исчезнале впиени во молкот на сончевиот воздух...
               
             
           
            
            
              „Или“
               од Александар Прокопиев 
              (1987)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Оној кој им беше водство и утеха во овие четириесет години талкање, оној што го изведе нивното избавувањето од египетското ропство, оној што имаше од бога пренесена моќ, само со допир од својот пастирски стап да ја окрвави цела, големата река Нил; оној што на моќниот фараонски Египет му донесе божји казни и несреќи, тој што по волјата божја го отвори длабокото море и на неговото дно направи пат за безбеден премин за својот народ, првиот патријарх на јудејското племе, оној од кој почнува бележењето во светите книги, тој што во деновите на талкање и глад се помоли за спас и го нарани избраниот народ според божјата благодат со мана, чудесна храна што бог ја истури од небото и, на крајот, оној што го доведе својот народ до ветената земја, а самиот не дочека да стапи во неа.
               
             
           
            
            
              „Светилка за Ханука“
               од Томислав Османли 
              (2008)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Избраниот народ ја бара ветената земја за себе и своите поколенија бродејќи долги години низ пространствата од Африка до Мала Азија.
               
             
           
            
            
              „Светилка за Ханука“
               од Томислав Османли 
              (2008)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Арафат можеше на своето Пирово враќање од егзил да го жртвува последното што му остануваше, својот веќе разорен живот.
               
             
           
            
            
              „Амбасади“
               од Луан Старова 
              (2009)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Можеби му остануваше утехата дека и Мојсие не се врати во ветената земја!
               
             
           
            
            
              „Амбасади“
               од Луан Старова 
              (2009)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  И затоа од секоја страница на својата книга за Мојсеј, брат ми како да крикнува: „Ни тој ниту пак јас сме Евреи; јас сум, како и тој, самороден водач и пророк!“
               
             
           
            
            
              „Сестрата на Сигмунд Фројд“
               од Гоце Смилевски 
              (2010)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Сакаше, како што Мојсеј повел еден народ кон слободата на ветената земја, да го поведе човечкиот род кон ослободување на Јас, кон ослободување на човековата суштина од оковите на потиснувањето и од мрачните понори на несвесното.
               
             
           
            
            
              „Сестрата на Сигмунд Фројд“
               од Гоце Смилевски 
              (2010)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Возбудува фактот дека француската меѓународна асоцијација UCRADEC се грижи за повторно населување на козите на Балканот, со модерна технологија на одгледување, и тоа, поконкретно, во Босна, во Бугарија, во Турција, односно, во нивната „избрана и ветена земја”.
               
             
           
            
            
              „Времето на козите“
               од Луан Старова 
              (1993)