видлив (прид.) - во (предл.)

Ова стремење, оваа фрлена стрела во просторот на недофатливото, но сепак простор на замисливото и длабоко видливото во она е: Тогаш - Кој?
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Тоа стануваше сѐ повидливо во преостанатиот тек на патувањето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Госпоѓа Мариела знаеше дека упорноста не може да има ефект кај полицајката, дека токму упорноста кај неа го зголемува степенот на недоверливост, па затоа се обиде да ѝ ја предочи занимливата страна на приказната: дека монахињата делувала особено инспиративно за сликарот и дека резултатот бил видлив во креативната содржина на сликите.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Него го воделе два порива: стремежот кон хиероглифското прикривање и настојувањето мистичните сили на светот (што ги сметал за Бог) да ги направи видливи во една апстрактна сигнатура.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Преобразбата на видливото во невидливо, препознатливото во непрепознатливо, е чин сличен на жестоката преобразба на семантиката в земи: се преповторуваат вековните процеси на трансформацијата од семенката до плодот, обликот на идниот плод го прима обликот на претходниот, но, не се преповторува времето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Процесот на трансформацијата на видливото во невидливо ние не знаеме ниту кога зачнува ниту точно кога и каде завршува.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Дождот целосно ја освежи земјата. Неговиот благодат беше видлив во сите нешта што растеа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Несомнено, главна улога во тоа имале политичарите на Велика Британија и на СССР.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И покрај сите настојувања, видливи во архивската документација, не може да се одбегне фактот дека и двете страни во потесните кругови, веќе од почетокот на 1944 година, "кроеле" планови за повоеното политичко уредување на светот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во еден период цвеќињата го прекрија балканот од сите страни, стануваа видливи во далечината.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неговата амбиваленција е видлива во контрадикторноста меѓу даде­ните изјави и активностите што ги реализираше.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Триесет години подоцна кај него сè уште посто­еше истата Margina #21 [1995] | okno.mk 109 преокупација добро видлива во интервјуто со француската критичарка Дора Валие (Dora Vallier) во кое вели: „Колку повеќе стареам и го совладувам медиумот, толку повеќе им се навраќам на најраните искуства.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Лео Штајн (Leo Stein) објави дека по престојот на село, летото 1906. година, Матис донел две верзии на The Young Sailor измислувајќи дека втората верзија (онаа „детската” и крајно дезорганизирана) е дело на локалниот поштар.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сметам дека на крајот од животот потполно ќе ја повратам моќта на детството.”
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кејџ директно во Мозокот ! (Напомена: Изоставените делови (поради повторување на веќе споменати работи) се јасно видливи во текстовите.) Ова е текст од говорот одржан на собирот на Уметничкото друштво на Сиетл кој во 1937 го организираше Бони Бирд.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Било да се поврзани генерално со авангардата или со нејзините манифестации какви што се надреализмот и експресионизмот, односите помеѓу танцот, индивидуалитетот и новите изразни форми (на ниво на текст или цртеж) се мошне видливи во романот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)