Поезијата  (онаа што верува дека ни служи)  можеби е дом  за духот на страдалниците:  за заборавените  во широкото поле на зимата  пред големата порта на студот;  За исправените и скрбните  пред заканата на пријателот  штотуку здружен со демонот    Поезијата е дом и за нас  до вчера сè уште без татковина  Затечени на половина пат  до својата  вистинска  последна  незаменлива  љубов.
               
             
           
            
            
              „Посегање по чудесното“
               од Србо Ивановски 
              (2008)