вкоренет (прид.) - во (предл.)

Тој исто така има една мисија - создавање на подобра иднина ослободена од логоцентричката изнемоштеност - и тој исто така проповеда во нејзино име.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Целата негова философија е во основа повик за промена, прилично драстична, на начинот на кој што пишуваме, мислиме и концептуализираме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Токму од овој разлог тој се обидува да не освести за премолчениот логоцентризам вкоренет во нашата култура - така што со тоа што ќе станеме свесни за него ќе бидеме во состојба да му се спротиставиме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
ИСТОЧНИОТ МОДЕРНИЗАМ и ЗАПАДНАТА ДРЖАВА го зборуваа истиот јазик - јазикот вкоренет во јазикот на авангардните движења и нивните идеалистички концепти за општество што функционира како уметничко дело во целина.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Овој збор беше толку вкоренет во балканските јазици што ретко кој се прашуваше за неговото потекло, сметајќи го за автохтон.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко, висок и строен, со исправена става, со вечно благ израз на лицето, и нискиот по раст Камилски, видливо слаб, но со цврст и жив израз на лицето, чекореа по кејот на реката, упатени кон Камениот мост, како балкански Дон Кихот и Санчо Панса, понесени од нивните ветерници зборови, со ислужено значење, но цврсто вкоренети во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во согласност со тоа, неизбежно е вкоренет во традицијата на американската популарна музика, во распон од архаичен фолк и coun- try до hardcore.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Вкоренети во едно тло, закотвени во едно доба, сместени во времето и просторот, луѓето меѓусебно смогнале сили да ѝ се измолкнат на фаталноста на партикуларизмите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И.И. авторитетно, со повишен глас продолжи: - Како што можевте да констатирате исламот беше длабоко вкоренет во нашата судбина.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Без да бидам вкоренет во ниедна религија, во мене постојано преовладуваше неодреден атеизам што најчесто завршуваше во рамнодушност кон мојата верска припадност.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се сакаше конечно да се искорени Бог во градот Скадар каде што се веруваше дека најдлабоко беше вкоренет во душите на луѓето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
За него, јазикот не е нешто автономно и затворено; тој е вкоренет во длабочината на субјективното, во телесното и духовното искуство.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Дали и натаму чувствувате „потреба за поврзаност со некој вид ЛГБТ-култура?“
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој својствен геј- начин на суштествување, понатаму, изгледа е вкоренет во особен настран начин на чувствување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Труман Капоти или Херман Мелвил?433 Со други зборови, дали ви е подраг оној вид култура што е вкоренет во геј-идентитетот или оној што е вкоренет во геј-идентификацијата?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како што е срочено во уводникот во ТОНИ, „Не мора да си отворено геј за да бидеш навистина настран“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Па што е погеј, прашува списанието, Планината Броукбек или Сексот и градот?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Јавниот простор и јавното себство: Арент за јавната слобода „Агонистичкиот“ модел на јавниот простор се наоѓа во самиот центар и на политичката теорија на Хана Арент.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Заснован врз традицијата на „републиканска доблест“ или „граѓанска доблест“, Арентовиот модел на агонистички јавен простор е длабоко вкоренет во доменот на политичкото, додека Хабермасовата јавна сфера е многу поширок концепт.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Александар вкоренет во себе цврсто погледот ќе го фрли далеку пред себе и ќе се даде себе, ќе се даде да го следи местото окото до каде што гледа навјасн од возбудата!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Во секој нејзин посребрен кичер се криеше тајната на нејзиното страдање, вкоренето во длабочините на нејзината душа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)