Квечерина ја раздиплуваше известената војничка карта  И на неа се мачеше да го распознае својот глас  Врз полегнатата војска низ полето  Ја корнеше мовта, го соголуваше камењето на тврдината  Раскопуваше низ полето, ги чистеше рововите,  И некаде на залез, студен ветер кога надоаѓа од замаглените ѕвезди,  Тој долго стоеше простум и со војнички поздрав  сам си ја пееше песната некогаш што ја пееја неговите момчиња:  Отвори ја вратата, можеби ноќва ќе се вратам...
               
             
           
            
            
              „Љубопис“
               од Анте Поповски 
              (1980)