вљубен (прид.) - во (предл.)

Чедо Вампирот беше вљубен во музиката на Ирвин Берлин, а степуваше исто така генијално како и Фред Астер.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Краста: Ова е музика, Тики.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Постои еден славен пример, или како што фабулозниот господин Р. Барт формулира: „фрагмент од љубовен дискурс“: Еден мандарин бил вљубен во една куртизана.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Таа ноќ Толе пак ја помина со црното Кате во ќералчето и колку да беше вљубен во pyca Миша и оддели и на Ката парченце од својата страст, ако не љубов, и со внимание ја ислуша кога му раскажуваше како таа не стапнала веќе кај Адема, како Адем, не само што не ја побарал, ами дури некако избегнува да ја сретне.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зошто сме толку вљубени во наши­те галеничиња, што често постапуваме на начин кој е спротивен на нивната добродетел - на пример, облекувајќи ги кучињата и мачките?
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Не сум јас, човек, Ритон, вљубен во друг човек, туку човек вљубен во авантурата, која што никој друг не беше во состојба самиот да ја изведе.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кети ми раскажа една приказна од Стариот крај, за еден славеј, кој бил многу вљубен во својата сопствена песна, и тој пеел со толку силна желба така што неговото мало срце препукнало од песната.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
По половина час веќе му ја предадов тајната на Пенча, еден од најголемите меѓу нас од улицата, своеволен, тврдоглав сирак, вљубен во себе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Бев вљубен во синооката Ана и љубовта ја знаев до тој ден како разговор за книгите - за Робинзоновиот Петко што избегал од човекојадците, за Гуливеровите смешни настани во земјата на Лилипутите, за детските војни во Павловата улица, за сите Вернови и Велсови фантастични чуда, за приказните од Илјада и една ноќ.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Типичната современа машка геј-двојка што ја живописаа Силверстајн и Вајт ја сочинуваа „триесет и петгодишен адвокат вљубен во триесет и петгодишен лекар“; двајцата „ги делат трошоците и домаќинските обврски“ и „се ебат на смени“.70 ‌Роберт Феро отиде уште подалеку.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
САНЕ - Простодушен, срдечен, загрижен за својата служба, па поради тоа и вљубен во својот претпоставен; далеку повозрасен од Саздо; малечок и неугледен, спротивност на Саздо.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Кога бев вљубен во Вујалија-изрази, но не можев да претпоставам дека „апендикс“ освен „додаток“ значи и цревулче, слепо црево.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Секогаш ќе бидеш сакан и секогаш ќе бидеш вљубен во љубовта. ’Ла гранде пассион’ (големата страст) е привилегија на луѓето кои ништо не работат “.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Како дете бев вљубен во киното. Киното та душа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Од горе до долу е вљубен во тебе и, ако се смета така, тогаш тоа љубовта тежи околу 90 кг... од око. Тешка љубов!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Пашата, вљубен во крстена младост, а и самиот млад, ги пратил девојките со товар азно, со дукати малку помали од сонцето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Биле тројца и во една ноќ грабнале од три села три најубави девојки, ги изврзале со улари и појаси и ноќе, преку планини и далеку од населби, села и селца, му ги однеле на некој паша, скопски или солунски, никој веќе не паметел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Би сакал на крајот, откако ја слушнавте приказната за мене и околу мене, да го кажам она најважното, а тоа е дека десет години до уши сум вљубен во оваа ваша „буцмаста“ внука.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Меѓутоа, за вистината, тој беше поскромен човек, а над сето веќе смртно беше вљубен во својот позив и камбанчето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ги позна. Тоа беа жителите број 9 и број 7, првите негови соседи, едниот дискретен адвентист, другиот ситен чиновник, вљубен во својата мандолина.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Отец Симеон, гледајќи ја неверојатната сличност на нивните ’рскавични носови, поверува: кога би биле тројца, едниот би се свршил, другиот би бил вљубен во свршеницата, третиот би спиел со неа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но постои ашик дервиш, вљубен во Бога, покрај другите видови дервиши.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Б
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој и на Симона му дал прилика да учи, но овој последната година го запустил учењето, бегал во Долнец, вљубен во едно девојче, ќерка на служителот на училиштето, која подоцна заминала за друг.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Иако само еднаш ве сретнав, видов колку беше вљубен во тебе.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
„Не сум љубопитен. Не сум вљубен во науката.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- А сега можам да си замислам уште што ти иде на ум а не сакаш да го спомнеш!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Денко е вљубен во Јана! - доверливо шепна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Мислам дека нашиот Самоников беше вљубен во неа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Важно е само тоа дека веднаш знаев, навистина знаев, дека ти си вљубен во Аксја; ајде, признај на мајка ти дека таа ти беше првата симпатија; добро, не лути се; ако не сакаш да признаеш, не сакаш, твое право.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Познавајќи ја двојната природа на играта, фанатично вљубен во преобразбата, можеби ќе се ослободам од луспата на времето и просторот, да се откривам, секогаш одново, во ослободениот свет на имагинарното.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Беше вљубен во девојката Теменуга и, при тие епилептични напади, постојано ја молеше да му даде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Можеби е вљубен во Палма или во Кралската Бегонија?“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И никој не може да ги засака оние кои се вљубени во него, ниту да ги придобие оние кои го мразат.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)