голем (прид.) - проблем (имн.)

Алексис Лорка Lire,été 1997 Се случуваше во еден од првите париски октом­ври­ски денови кога во Сенатот на Франција, сенаторот Робер Бадентер водеше една исклучителна сесија: поезијата овде се соочуваше со големите проблеми на човештвото, за што нашето внимание го обземаше Едгар Морен; неговата анализа, неговата мудра елоквенција, му оддаваше заслужено признание на последното дело на Луан Старова, објавено на француски јазик - Времето на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Козите кои отсекогаш го придружувале балканскиот човек, во добро или во зло, одеднаш стану­ваат – голем проблем во реализацијата на сицијалистичките цели?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Остануваше описменувањето, но според предвидувањата, не требаше да претставува голем проблем како, на пример, електрификацијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А навистина имаат голем проблем. Остануваат без вода.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Реков за што станува збор, дека не е голем проблем, дека за час може да се реши, но тие едноставно ме собраа, рекоа дека таму ќе објаснам, ме одведоа во квартниот оддел на полицијата, ме ставија во едно тесна просторија зад решетки и ме заборавија.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Имав среќа со инженерот кој добро ја контролираше работата и кој, и кога ќе се појавеше некој застој заради големо дрво, или карпа, ме тераше да не гледам на тоа како на голем проблем, дека машината и неговите луѓе тоа ќе го совладаат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Тоа, молам!” се согласува Мертен, во внатрешниот дијалог што инаку често го води со себе.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На крајот од таа средба пред Кајтл, Јодл и Рајнхард Хајдрих, Фирерот истакнал дека „тамошната голема еврејска заедница, со нејзините различни врски, претставува голем проблем”, по што издал и наредба за непосредно оддалечување на сите Евреи од Солун.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во текот на педесетите постоеше голем проблем околу Лолита, па потоа околу издавањето на Љубовникот на Леди Четерли, а подоцна и поради Хенри Милер- овиот “Tropic of Cancer”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ја завршија во Карнеги Хол, заедно со Боби Голдсбур и Џеј и Американците.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ондин и јас ги погледнавме сликите и видовме дека куршумот поминал низ две плави и една портокалова Мерлинка. (...) Единствена “андерграунд” работа во врска со американските андерграунд филмови, мислам, во буквална политичка смисла мораше да се криеш од власта, беше таа што во шеесетите постоеше навистина сериозен проблем со цензурата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но таа сега немаше многу време да размислува за големите проблеми на семејството, за да не ги заборави малите коишто го чинеа животот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ги прави премногу големи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Си ја читал Дете на среќата? ВГ: Беше премногу голема за мене. ТЛ: Да.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но имам голем проблем со него.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Ти си проблем Кејтен, - промрморе татенцето - голем проблем, тогаш што си сакал, врашко момче, да направиш со ова дрво?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Одвреме–навреме ќе се најдеше некој амбициозен гардиски поручник, желен за ловорики, кој што ќе го подбуцнеше подмладокот на гардата да им ја растури партиската трибина или да претепаат некој сопартиец на Љупчо, но тоа не беше голем проблем.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Според тоа, постојат два големи проблема што Партијата е заинтересирана да ги реши.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа беше традицијата на Диркем, Вебер и Зимел кои токму настојуваа да ја разберат положбата на луѓето фрлени во урбаното друштво.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Она што ги карактеризира класичните социолози е тоа дека тие се занимаваа со големите проблеми на своето време.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Бизнисмените немаат време, женетите имаат обврски (мали деца и големи проблеми, лоши сопруги и магнет папучи).
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
е) И на крајот две црни точки што се голем проблем на градот: немаме прописна санитарна депонија и немаме прочистителна станица за отпадни комунални и индустриски води.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Трето - имаме голем проблем со вода за пиење, особено кај селата Митришинци и Русиново.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Како кај вас и кај нас голем проблем е немањето санитарна депонија, за што возрасните велат - проблемот уште долго не ќе се може да се разреши.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
На Митра не ѝ помогна што преташе, не ѝ помогна ни што почна да колни, Чана не ѝ одвраќаше па без големи проблеми ги префрли во стопанството.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Нашата вистинска близина како луѓе, претхотно претставуваше голем проблем, а сега тоа беше вистински поразлично.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Би средил можеби, но има еден голем проблем – се сневесели тој, - таа му се допаѓа и на еден мој другар, кој тоа самиот ми го призна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Па, не ти е баш мал проблемот – реков – ама, од каде да знаеш, можеби тој нејзе не ја привлекува, можеби баш ти ѝ се допаѓаш?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)