голем (прид.) - улога (имн.)

Во преломните години токму тој факт, дека Партијата не е наследно тело, одигра голема улога во неутрализирањето на отпорот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зборувајќи за гестот, за движењата и изразот на една исконска сила, се служиме со термините кои играа голема улога во маниристичките трактати од 17-иот век, а потекнуваат од античката реторика.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Па ќе имам голема улога, барем на локално ниво, му одоговори Александар.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Голема улога при ова има Републичкиот хидрометеоролошки завод и други институции кои го мерат квалитетот на воздухот.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во напуштањето на излолационизмот во САД, кој бил една од главните пречки за влегувањето на САД во војната, голема улога одиграл американскиот печат, којшто го мобилизирал јавното мислење околу настојувањето САД да ја напуштат таа политика и директно да се вклучат во борбата против силите на Оската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Руската народна приказна одигра голема улога во развитокот на креативните способности кај класичните мајстори на руската проза - Толстој, Достоевски, Лесков, Островски.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Не знаев дека другарите што ја подготвија претставата се плашеле дека јас имам голема улога и дека би можела да се збунам. На двапати пеев.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога го везев знамето ја пеев песната за Гоце.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)