готов (прид.) - на (предл.)

Паралелно со нашата улица живееше, се давеше во грабливост и трешереше во претсмртен грч чаршијата - теснограда, безработна готова на детски бесмислености и ситни кражби.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Знаев - Пенчо најмногу мислеше на неа и беше готов на сѐ за да го привлече нејзиното внимание.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А мојот татко не беше ерудит, ниту мудрец, како на Луан, но тој беше отворен и без предрасуди кон другите, секогаш готов на пријателство со туѓинци и си имаше своја мудрост кон животот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Над ситните бранови од седнати та принаведнати, се крева крупниот бран станати та исправени - импозантната екипа од главната маса се подготвува да си оди: режисерот го зафрлува фовистичкиот шал преку рамо, истегнувајќи си ја снагата во височина додека таа му оди во широчина; авторот си ги бара очилата по масата иако тие му висат на носот, не испуштајќи да е близу до режисерот како преведувач секогаш при рака; примадоната се огледува по сите маси, не толку за да им упати снисходливи насмевки колку тие да видат дека е уште ненадминлива; и најпосле примадонот (а како инаку да се нарече?), трипати женет и трипати разведен, но со црвен каранфил на реверот и готов на четврти пат кога веќе не била трета среќа, далдисан во главната ролја дотолку што си ја понесува недопиената чаша.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)