Според Бауд и ван Шендел, проучувачите во САД повеќе го користат терминот frontier, додека Британците повеќе ги претпочитаат boundary и border, но разликата во термините исто така имплицира и концептуална разлика.3 Терминот ‘boundary’ често се користи во дипломатскиот дискурс за точната локација на границите, но има и поопшто значење, во смисла на линија на одвојување помеѓу различни народи или култури.
               
             
           
            
            
              „Простори на моќта“
               од Зоран Попоски 
              (2009)