добар (прид.) - абер (имн.)

„Сигурно утре ќе чуеме добри абери“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
ФРОСА: Добро ве најдов. Ај, со здравје да си оди, добри абери да си слушаме. (Ѝ ја подава погачата).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ај, бог што е убаво да даде!... Анѓеле со здравје да си оди до наместо: добри абери да си слушаме; за радост од Кате и од Анѓелета да си идеме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Кажи го волшебниот збор за да го чуеш добриот абер. - беше упорен Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)