доминантен (прид.) - во (предл.)

Од друга страна, културите што го немаат трауматичното искуство на средба со други, различни култури, не се идентификуваат себеси како одредена култура, туку својата култура едноставно ја проектираат како модел за целото човештво и за сите други култури. 136 okno.mk Токму во оваа смисла, одредени култури се воспоставиле како доминантни во однос на други.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Беше потребно да ги прекинувам уште два пати пред да се уверат во она што го зборувам.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во кратката пауза што уследи, ги прашав до кој степен оваа форма на комуникација - спротивставувањето кое тие така јасно го демонстрираа - е доминантна во нивниот однос.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Нејзиното потпирање врз француската феминистичка теорија открива една философска наклоност која ја споделуваат полските и екс-југословенските феминистички интелектуалци, и е сведоштво за една философска ориентација поинаква од онаа која е доминантна во Соединетите Држави.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Голем број американски независни уредници, и покрај своите политички убедувања и погледи, според добиените информации од разни извори, согледувале дека на Балканот се случуваат настани во кои учестуваат фактори кои по војната ќе станат доминантни во уредувањето на балканските држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од причини што настаните на Балканот во текот на целата 1943 година се нашле во средиштето на интересот на американскиот печат и го привлекле вниманието на американската јавност, уредниците на месечното илиустрирано списание "Слободен свет" (Free World), кое било застапник на демократијата, на своите страници отстапило посебно место за разјаснување на новите револуционерни тенденции што се појавиле во одделни земји со започнувањето на Втората светска војна.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ваквите размислувања на Недиќ и Павелиќ, според аналитичарите, ги искористила "српската група, која беше доминантна во Југословенската влада во емиграција, ја прифати и се обиде да ја доразвие теоријата на Павелиќ и Недиќ (поддржана од Хитлер и од официјална Унгарија и од Бугарија) дека Југославија била вештачка креација, без причина за нејзино постоење.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На Јован Дучиќ, романтичен српски поет и поранешен дипломат, му ја доверија задачата за кристализирање на идеолошката база на антијугословенското движење.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во овие десет броја Маргина се обидуваше да го разбива оној нарцистички (автистички, во крајна линија), оној апологетски концепт (симптом, поправо) за културата, кој богами е доминантен во нашево кревко и бедничко културно живеење; од уличните минувачи затекнати во глупавите анкети, општинските чиновници, директорите на културните институции, министрите, преку новинарите и уредниците на културните рубрики, до претседателот на државата (кому, сепак, единствено и може да му се прости таа јазична помпезност, бидејќи работното место му е такво, церемонијално), речиси секаде (особена чест заслужуваат ретките исклучоци) владее тој бомбастичен, провинцијален дискурс кој повеќе прилега на мобилизациски плакати и на продавници за вештачко цвеќе отколку на еден јазик кој треба да критикува, да продлабочува, да артикулира разлики.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)