доследен (прид.) - на (предл.)

Доследен на развојот на 20-от век, Дишан увидел дека уметникот не може повеќе да тврди дека тој претставува статична „слика“, туку дека наместо тоа, мора да се заинтересира за двосмисленоста и движе­њето, така што гледачот е општествено принуден критички да набљудува, да категоризира и да интерпретира.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се борев со сите сили да останам доследна на својата карма. Сѐ на сѐ, зборот Божји е моја заповед.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Победник сум! Научив како да се борам Како да истраам Како да сум доследен на моето јас! Научив многу нешта...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Но Дедо Мраз, не забележувајќи го сето тоа продолжуваше: - Ако бев доследен на верноста, сигурно немаше да дозволам од најголема да се претвориш во најмала и да се вратиш кај куклите.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)