единствен (прид.) - во (предл.)

— A, a, а, простено — благословено! — вели бегот, земајќи ја чашата од послужавникот, кој беше единствен во Мариово.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во тоа време, тој можеби беше единствениот во земјата кој можеше да го толкува изворно архаичното османско писмо.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татковиот случај, и по други обележја, можеби беше единствен во државата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Навистина, се работело за дијаболичен план, можеби единствен во историјата на воената деспотија во старите и нови времиња го цитираше Климент Камилски делото на Хамер Историја на Османското Царство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повторно е девојче со модри очи и муцка на глувче, единствена во маалото што се осмелуваше да се втурне во машката вечерна зона – скалите од влезот на продавницата за електрични апарати.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Околу зградата имаше тенок појас трева, единствена во кругот на касарната.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
И албанските преродбеници, на кои се повикувате, создавајќи во туѓина, и покрај различната вера останувале солидарни и единствени во одбраната на албанскиот идентитет.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ова жири единствено во светот (првиот добитник на наградата постхумно е Антоан де Сент – Егзипери веднаш по војната) е сочинето од дваесетина амбасадори кои доделуваат годишно награда за најдобро дело на француски автор со историска содржина.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повторно одекнува гласот на А.А.: - Другари, вие имате чест први да се најдете пред новата поставка на Атеистичкиот музеј, единствен во светот...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но, од друга страна, балканскиот, а пред сѐ бившојугословенскиот уметник е единствен во Европа кој може да каже доволно интересна прикаска.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Велеа дека и онаа чешмичка во горниот дел од Маказар, единствената во тој дел од која се служат луѓето за пиење и за домашни потреби, ќе секне, зашто и таа била носена, дамна, од оној предел горе над патот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Од овој аспект беше добар доктор, но беше уште подобар како човек, а хуманоста беше она поради што им стана мил на Американците и беше единствениот во пренаселениот кварт во градот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тие се ретките, па можеби и единствени во оваа колумна кои што го немаат предзнакот in memoriam.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
И така се случуваше во далечната 1978 година, на брегот на светската поезија да се слават две чудесни враќања од егзил, можеби единствени во светот во книжевната историја (еден друг начин на влегување во историјата освен владетелското), овозможени од моќта на поезијата, на шпанската и палестинската поезија, на поезијата воопшто.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во храмот Света Софија, на чии ѕидови запрела светоста, летот на синиот ангел, како симбол на човековото вечнеење меѓу земјата и небото, потоа на поетскиот мост на излезот на реката Дрим од Охридското Езеро, на пат кон морињата на светот во далечната 1978 година се славеше враќањето од егзил на големиот шпански поет Рафаел Алберти, но и другото враќање од егзил на палестинските поети на чело со нивниот бард Махмуд Дарвиш.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Четвртиот е Анѓелко. Го викаме скратено Ѓеле. Тој е единствениот во одделението што седи со девојче.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тој е единствен во својата способност да каже сѐ и сепак да го сочува своето јадро на неприкосновен интегритет.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)