6   И додека нашите „научници“ и професори по трудово право,  завиени во својот кабинетски конформизам, ги зафати некој чуден  транзициско-зимски сон и, во таа нивна интелектуална хибернација, се бавеа со прилично несуштински и чисто номиналистички  правни прашања 7 – видни експерти во светот, наѕирајќи го овој  лошотилак кој така отворено пропагира социјална неправда и  економска нееднаквост меѓу населението, почнаа аргументирано,  организирано и систематски, дел по дел, да го раскринкуваат неолибералистичкиот новоговор во сферата на оваа научна област,  кој под превезот на некаква „флексибилност на работната сила“  доведе до драстично кратење [намалување], проследено со паралелно кршење [непочитување] на работничките права.
               
             
           
            
            
              „Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
               од Димитар Апасиев 
              (2011)