заден (прид.) - страна (имн.)

Околу целата зграда имаше ограда, а од задната страна имаше нешто што наликуваше на статуа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Шандор на главата има паларија со извиткан обод на кој не му се знае предна и задна страна; под раштрканите мустаќи му се гледа малечкото луле провиснато на крајот од устата; мевот му е испакнат и напиња на елекот што го стега; на елекот му се гледа синџирче од часовник што му завршува во џепчето каде што му е ставен палецот од едната рака; погледот му е сериозен, па дури и малку свечен од важноста што ја придава на сликањето, на чинот со кој ќе се овековечи градењето на куќата, на која е завршен првиот кат, а започнува вториот со оставени отвори за врати и прозорци.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И покрај тоа на филмот не му недостигаат хичкоковски потези; така веќе самото ограничување на случувањето на чамецот за спасување среде море не е никаква површинска екстраваганција, туку е втемелена со типична хичкоковска драматургија, кадешто напнатоста од ширината на случувањата се пренесува во „длабочина”, во 156 Margina #22 [1995] | okno.mk заплетканите, удвоени меѓусебни односи - драматичен контраст на некој настан е неговата сопствена темна, задна страна, а не надворешната противигра.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Елефтерија дотропа до него, го фати през половина од задната страна, се стегна во него, се исправи со раменото под неговата мишка и рече без сериозно да го мисли тоа: „Забележуваш ли колку сум повисока?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Барем еднаш годишно ја вадам оттаму и си ги потпевнувам текстовите од задната страна на обвивката.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
На појасот таа имаше пафта, на која од задната страна ѝ се гледаа три плоснати јамки, со кои пафтата се зацврстуваше за коланот: коланот пак беше составен од кружни и четврстести парчиња исшарани со цветови и лисја.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сонцето веќе се стркала над Чукарот, високиот гол врв од западната страна на Гогов Валог, а старецот и Бојан уште беа на ливадите. Косеа и ја превртуваа тревата да се суши.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа не е јаство како транспаренција, како мисла што својот објект го промислува со усвојување, претворајќи го во мисла.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тоа е јаство во збрка, нарцизам, во инхеренцијата на оној што гледа во она што го гледа - значи, јаство коешто е фатено во стварите, коешто има предна и задна страна, минато и иднина...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
За малку младичот ќе влезеше прв, но човекот во сина облека ја стави раката на задната страна од вратата, се настрани и на селанецот што беше зад него му рече: - Влегувајте, молам.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Продолжи да позема шејови и луѓе од вагонот, а Трифун и Сотирчо како да беа истуркани сосема на крајот од вагонот и така истуркани таму се залажаа да признат од задната страна на вагоните.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Внимателно се измолкнува од постелата, го потсобира веленцето околу дечињата да не побегне топлината од нејзиното тело и оти во ќумбенцето нема ни спуза а ни потпала околу него, таа ова утро прва го прошетува своето големо тело до алето крај телот и до купот отпад од задната страна зградата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)