заклучен (прид.) - во (предл.)

Мајка ми постојано се врткаше околу последните зрна заклучени во ковчегот под скалата, прибираше од оние што сѐ уште не мувлосале и шепотеше налутено колнејќи ги „желкарите“ и „ камаратине“.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во секој случај, доктор Миха, само по своја волја, седеше заклучен во својот кабинет.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Тоа е неправда,“ се бунеше Августина. „Неправда.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Затоа што рековме: нимфоманките ќе останат заклучени во нивните соби за време на карневалот,“ рече доктор Фројд.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Седеше затворен, поправо заклучен во собата, со клучот одвнатре, божем така се создавала големата уметност, додека децата како мачиња цивкаа и молеа да го видат, како родител.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Моќта беше Фоксовиот грал, битен дел на чистиот човеков талент, непренослива, заклучена во черепите на најдобрите светски научници - иноватори.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)