закопан (прид.) - во (предл.)

Пред мене замаглена слика, до нас, ние самите со копнеж закопан во недрата земјини.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Во време на социјална бедотија и борба за гол живот Трпе со своите предиспозиции и образовниот бекграунд беше длабоко закопан во лајна до гуша.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
* Седам во тремот додека врне дождот а чинам дека тече по мене по моите вршки и лисја по моите гранки по стеблата по корењата по моите мравки тече по мојата шума по мојата земја по мојата мисла тече по мојата изненада закопана во брчките го брише мојот уплав мојот страв мојата осаменост во бесоницата во трептеж во напуштеност врви по дамарите мои се вовлечува во моите очи дождот што ме буди што крепи што плоди и јас станав извор што ѕвони цвет што се шири плод што се дрочи додека живеам и растам во оваа стара шума на моето постоење во вишнава гора во шумниве лисја.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Значи, не бил закопан во гробот што изгледа самиот си го подготвил уште за животе, туку некаде на друго место.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Значи, сепак, Никола Поцо не бил закопан во гробот што го подготвил за себе, туку бил „фрлен скраја...“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А тој не се постигнува со благосостојба туку со процент на благост во погледот; не се доживува врвот со трофеј в рака туку со мал камен со издлабени иницијали и датум од одморот од пред години 100, па не помнам ни од која година, закопан во пукнатините од карпата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Писателот плива во широката река, а заедно со него пливаат и ликовите за кои тој пишува.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ми стана премногу жешко, како да сум закопан во онаа задушлива гаража на „Бетон“, сега уште постеснета, со немлив покрив што ми ја притискаше главата сè посилно и посилно.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тој е закопан во своето село, има споменик а на споменикот црвена ѕвезда.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Оној секако не стаса уште ни да го види откриениот опинок во снегот, сега веќе сиот закопан во јамата, што ја испрета со сите четири нозе, кога сите други наскокаа врз него во еден налет од сите страни, вплетувајќи се во едно жилаво зачекнато клопче, кое почна да се преметнува, пиштејќи со шесте различни, нападнувачки гладни и бранечки молезливи и исплашени процвичувања, уште потесно прежилувајќи ја впиеноста еден во друг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеби сонуваше за неговата војна на Пацификот, за кибер мините што ги открил, нежно навирајќи во сложените кола со СИПА-та што ја употреби да ја открие патетичната лозинка на Ралфи од чипот закопан во мојата глава.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Забелот, како изделкан од огромна грамада стврдната смола, можеше да крие во себе други еребици што ме исчекуваат со залепени гради за суви тревки и слични на безживотни базја, или криеше жолтоок лисец со мудрост и итрина закопан во некоја грмушка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Без причина појдов по нив. Шумолењето на потокот се притаи зад мојот грб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ме погледа со мртов поглед.  „Алегра”, рече, „никогаш нема да влезе во нашата синагога”.  „Оди, сега”, му велам, „побарај ја жената и ќерката”.  „Имаш ли вести за Јехуда? ” - ме праша.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И додека по крајот на бомбардирањето луѓето трчаа како муви без глава на сите страни, не знаејќи што да преземат, таткото на Алегра стоеше како закопан в место и гледаше во синагогата од која остана куп урнатини и се креваше облак од прав што го препокриваше човекот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Нека оди тој прв! - го препознав шепотот на тетка Олга, - и само да не си седнал кога мочаш, ќе те убијам! - тука шепотот на тетка ми одеднаш зазвуче како саскање на змија.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сѐ уште стоев закопан во место затоа што навистина ми беше жал да газам по килимот, а ми беше и незгодно да ги соблечам чевлите, затоа што чорапите сигурно ми се засмрделе во текот на долгиот пат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Легнав на подот и се обидов да направам неколку стомачни - но притисокот во стомакот ми беше толку голем, што при секое исправување од подот ми се заматуваше во главата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Како што зачекорив внатре, чевлите ми пропаднаа во пуфчестите јазли и застанав закопан во место, бидејќи забележав дека само јас сум влезен во куќата, а тетка Олга ги соблекува своите чевли надвор, на килимчето пред вратата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
СРЕДБА СО ПЕПЕРУГА Ако можеше да избира цутот сигурно ќе го прифатеше твоето настојување да се биде истовремено на повеќе многу слични и многу различни места. (Црешовиот цвет на пример не патува, а цутот на лендрот е закопан во зелен многу кревок страк).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Таму сѐ треба да легне во својата длапка Па сепак песната е глечер и сѐ е закопано во гатанки и пустош Во збунети неосенчени зборови Морето ни дише во лицата сѐ сака да допре со своето спокојство А медузата затворена во синото стакло на водата како да ја испитува горчината на нашата изненаденост додека слегнува на долното небо.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Или она многу сериозно тврдење И подоцна решениот проблем е сепак решен проблем, за разлика од оној што ќе остане засекогаш закопан во нашите намери, и тоа само поради неразумото избрзување...
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)