зафатен (прид.) - во (предл.)

Секој може да биде зафатен ако е ставен на тапет.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А по некое време, кога беа веќе зафатени во еден голем град и откако работеа доста за да можат да сетат што значи да се кажува копанката со вар и песок горе; на високото скеле на една раменица, откога можеа да сетат што значи и сѐ друго тука, старците често пати знаеја во слободните денови, или онака, делник ден, кога немаа што да прават во градилиштето, да ги пуштат сите нив да прошетаат по улиците на тој град, да го видат, да го рашетаат градот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Чекав невообичено долго време во салонот на Министерството за надворешни работи, нестрплив да го видам благото лице на Лакхдар Брахими.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Претпоставив дека е зафатен во мигот со друга позначајна средба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Затоа, секој секого лаже додека, едновремено, друштвото ги сакати луѓето кои навистина се ментално вознемирени.  Дали мислите дека и една обична личност може да биде зафатена во еден таков систем?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Бил отсекогаш еден човек, којшто си бил достатен на самиот себе, и кој ниеднаш не бил свикнат да бара од другите нешто повеќе, освен да бидат некаде тука, крај него, секој за себе зафатени во своите грижи, многу често други и незабележувани од него, а тој ниеднаш немал потреба да ги побара, или пак да помисли на себе си вака, како сега: Сам...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)