зафрлен (прид.) - во (предл.)

Арсо лежеше издолжен на одарот и само челото му се белкаше како камен зафрлен во аголот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дури сега можеше да знае дека она, што го зрачеше токму тој ослепувачки светол далечен диск, зафрлен во синевината, беа и сите овие допири по неговото лице.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во олтарот зафрлена во ќошот, ’рѓа ја гризе крштелницата и иконите ги јаде црвот...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но Славчо немаше каде. Се врати повторно да живее во онаа негова куќарка зафрлена во трапиштата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Зошто надоаѓа како да доаѓа од бестрага од кајшто заоѓа сонцето кајшто земјата и небото исчезнуваат како играчка зафрлена во потонот на баба?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Марсовата хероинска екстаза на паднат анѓал (го викавме Марс поради истоимените чоколадца кои просто извираа од неговите џебови) и сите картонски ликови нанижани на гнилиот конец на заборавот и зафрлени во криогенските бунари на сеќавањето... и, да... останува старото напукнато огледало коешто одразува празна лушпа, или еден фаќач на воздух во треперлив скок преку бездната на небитното.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Старчето ѕиркаше преку работ на масата, зафрлен во своето старо свечено одело кое сега изгледаше како туѓо.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)