исплашен (прид.) - во (предл.)

Мајка ми била толку многу осамена, тажна и исплашена во истиот тој кревет, иако не морала да стане во шест часот наутро, да ги слуша вестите и да го поздравува знамето (кое и да е) ниту, пак, да јаде парче леб со салама или кашкавал, ако имала желба за некаков друг оброк сосема различен од тој. ...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Почнаа да викаат за помош, се разбудија соседите, дотрчаа, започнаа и тие да помогаат, да влечкаат садови со вода, да гаснат; се фрлаше вода на пламенот кој сѐ повеќе се ширеше и ги зафаќеше сувите плотици од чардакот и се качуваше нагоре кон одаите; коњот исплашен во кералот, напна на оглавот, го скина и излезе низ запалената врата бегајќи и 'ржејќи панично.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Едно бонбонче го делевме сите тројца заедно, мајка ти, Пане и јас.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)