Од некаде допираше неуморно и ритмичко удирање на тарабука, потоа, во исто време, на тоа тропање му се придружи чкртање на бунарски чекрег и некаков кавгаџиски баритон.  „Не се кајам“, му рече и ги тргна рацете. „Сепак мислам дека веќе не ќе можеме да се сретнуваме.“  Отец Симеон се насмевна - „Не биди сурова кон бронзаниот поет.
               
             
           
            
            
              „Месечар“
               од Славко Јаневски 
              (1959)