користен (прид.) - во (предл.)

Од утро до доцна попладне собите интензивно беа користени во интервали од по половина или по еден час, во зависност од потребата на гостите, и тие секогаш беа пристојно средувани, благодарение на вредните собарки Кристина и Мери. Корисниците доаѓаа главно по појадокот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Значи, одреден број од овие филмови е работен така што филмскиот медиум е користен во сликарски цели и можат да се наречат портретски.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На долниот кат имало директен пристап кон собите, преку долги централни ходници што водат од едниот до другиот крај на куќата (иако дотогаш ходниците беа користени во Англија, нивното уредување во Колсилската куќа е нешто ново).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Можеби, сепак, најадекватен термин би бил актери/протагонисти, односно, со оглед на Ворхоловите рани филмови, дури и „модели”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Потребни се само неколку минути откако гостите, посетителите на градината, ќе го завршат својот оброк, па чиниите, со сиот прибор за јадење, остатоците од храната, трошките, да ги снема како да се избришани со волшебно стапче.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)