лојален (прид.) - на (предл.)

И тој ѝ соопштил: дека има укор пред исклучување од Партијата и дека има три месеци време да покаже дали ѝ е лојална на Партијата или не.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оние кои што некаде кон средината на осумдесеттите даваа заклетва дека ќе бидат лојални на принципите на извидничкиот кодекс во херојското село Лавци битолско, може ќе се сетат на следново.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
И читаш: „Јас, долупотпишаниот, по своја волја, свесно, одговорно и без принуда, пред надлежните власти изјавувам дека ќе бидам лојален на државата и ќе ги почитувам сите закони.“
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)