мој (прид.) - доаѓа (имн.)

Се разбира тука е и оној најважен ден, да не го заборавиме, во кој за првпат го слушнав плачот на син ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но, темнината престојува на оние места каде најмалку ја бараме, по законот на самодеструктивноста во некоја пукнатина сликата за мене се губи во пустелијата на светот и животот. тоа што е ваша реалност, тоа е моето доаѓање, патила, немир, очај, вина, чувство на грешност, пораз, ризик и пекол во кој живеам заедно со тие што ги сакам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се радував на моето доаѓање тука.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Кратко време по моето доаѓање во Скопје на покана на господинот Џабир Дерала заедно со господинот Владо Манчевски-Марсо отидовме во Студенско радио и секоја сабота ја емитувавме концептуалната треш радио драма: Неидентификувано - шоу на Калиостро и Кракатау.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И тој, и Андриќ, и многумина други писатели ја искористија вистинската шанса што им ја нуди долгиот живот да создаваат без насилен прекин. Но не и кутриот Киш.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Па ние се знаеме речиси од моето доаѓање тука, во Париз.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Таа беше моја постојана придружничка и знаеше да ме разнежи и натажи, но јас не бев пишман што дојдов тука и се трудев да го оправдам тоа мое доаѓање и пред самата себе и пред моето семејство.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тоа веќе беше една година по моето доаѓање, преку Париз, во Монтреал. (Кога првпат се сретнавме во Пешта, не зборувавме за некои значајни нешта.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Само уште да напоменам: тоа изгледа беше најбогатиот и најубав ден за мене, по оној, кога се случи моето доаѓање на Сина Скала.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)