мој (прид.) - тага (имн.)

Се смееја со мене, не ја разбираа мојата тага.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Како ми е кој ме прашува, сите се среќни со моето присуство. Ја чувствуваат ли мојава тага?
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Да, знам дека повторно ќе ми биде тешко чекањето, но знам дека ќе се исплати. ќе најдам начин мојата тага да ја отелотворам во нешто што ќе остане да ме потсетува на тие мигови поминати во тага и заборав.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Секоја моја тага е надеж во очите на тие што го загубиле патот до дома.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Значи, мојот град плачеше, солзи ронеше заедно со мојата тага за пустошот кој настанал со текот на годините.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Смилувајте се на мојата тага вие што направивте прав да бидам и пак да ги кријам боровите што раснеа во црвените води.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Знам дека во себе ме чуваш, силно ти верувам, ова е време на надеж, Бог те прати, Бог пак ќе те врати, сега е време за мечтаење, миговите на плачење не прават посилни, нашата иднина е лулка на среќа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)