мртов (прид.) - на (предл.)

И залез е веќе. Бел камењар, црвена земја, ти проштеваат мртвите на твојот обид да им се придружиш.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Понекогаш, ноќе, додека барав и запишував реченица по реченица на овој реквием, чин на почит кон мртвите на кои им се восхитуваме за нешто од нивниот живот, ја замислував во полутемнина и во златна рамка како дело на стар мајстор, висока и чедна како Ерменка (сеедно што можела да биде од словенско или еврејско потекло), во темнолилав брокат или сомот од кој нежно се одвојува син појас; незините полуотворени усни се вкочаниле во миг на воздивка, градите под низа на бел корал или балтички јантар живи се но не дишат исчекуваат нешто, сепак, тукуречи како на чудотворна слика, дамарите на нејзиниот долг врат го отчукуваат времето на онаа вечност што не може да се нарече и враќање; рамениците стегнати во шал од кашмирска ткаенина се тесни, историјата не можела долго да се потпира на нив.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
— Остави им ги мртвите на мртвите, вели Андреја Тарковски, дајте ми ги мене. „Мртвите нека си ги закопаат своите мртви“, рекол Христос некогаш и некаде, којзнае кога и којзнае каде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Суштината на олигархиската власт не е наследувањето од татко на син, туку опстојувањето на одреден поглед на светот и на одреден начин на живеење, наметнат од мртвите на живите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се женев во сенокос, околу црешни берење. Тогаш дојде грнчарот Толе од Вранештица и продаваше земјени посатки за раздавање. За мртвите на Дуовден.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)