назначен (прид.) - во (предл.)

Во истиот период овде беше вработен и професор доктор Климент Камилски, преживеаниот од Голи Оток, кому во почетокот не му беше дадена утврдена работа, па со познанството и зближувањето со Татко, голем дел од времето минуваше со сиџилите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко тогаш ги откри битолските кадиски сиџили во вакафот крај една џамија и со наредба од највисоката власт беше назначен во Државниот архив на Народна Република Македонија, да ги толкува, подготвува сиџилите за објавување.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше назначен во еден поткомитет на некој поткомитет, на некаква поткомисија, која пак беше произлегла од една од оние неброени комисии што се занимаваат со помалите потешкотии околу комплетирањето на Единаесеттото издание на Новоговорниот речник.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Спрема тоа, природно влегува во овој реон што е назначен во Протоколот да ѝ припадне на Албанија...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А можеше, преку мажот, да побара да биде назначена во некое од поблиските училишта. Не сакаше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)