напишан (прид.) - на (предл.)

Па сепак, откако внимателно запамети што беше напишано на него, неколку часови подоцна тој го фрли во дупката за сеќавање, заедно со еден куп друга хартија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Она што е напишано на хартијата мора да е некаква закана, некој повик на суд, наредба да изврши самоубиство, некаква стапица.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повремено му беше доверувано дури и правењето на уводниците на „Тајмс“, кои беа целосно напишани на Новоговор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А сепак, тоа што беше напишано на неговото лице можеби и не беше неисправност, туку едноставно интелигенција.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во својот „космополитски вознес” ја одбранив на Свеучилиштето во Загреб докторската дисертација, напишана на француски јазик, „Делото на Фаик Коница на француски јазик и неговите врски со Гијом Аполинер”.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А не знаат, кутрите, што зборуваат дека на три јазика Бог наредил да се пишуваат книги, како што пишува во евангелието: „И имаше штица напишана на еврејски, римски и грчки.“
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Напишано на едно скинато ливче. 31.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Една друга жена, која на Марија ѝ изгледаше почовечна и со повисок чин, го прегледуваше редот и подготвуваше попис на имињата што новодојдените ги имаа напишано на картони кои им беа зашиени за облеката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мажот ѝ, кој е магионичар на забави, ја чека во Барселона и до полноќ мора да завршат три работи, па затоа сака да го извести дека нема да може да му се придружи навреме.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)