настран (прид.) - сензибилитет (имн.)

Има, меѓутоа, една современа геј-култура која текстописците на ТОНИ не ја застапуваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Спротивноста не може да биде поголема: Пол претставува случај на настран сензибилитет и задоволство без истополова желба, додека Били е распуштена истополова желба без показ и потказ ниту на искра настран сензибилитет. ‌За разлика од Пол, Били жари.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Од една страна, геј-култура и настран сензибилитет; од друга страна, сексуална желба. ‌Тони Кушнер, разграничувајќи го она што го нарекува „фабулозност“ од еротичноста, сведочи за оваа опречност меѓу сензибилитетот и желбата, меѓу културата и сексот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исто така, токму тоа е причината поради која геј-културата предизвикува толкав срам и поради која нејзината упорност предизвикува толку одрекување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А, кога зборуваме за геј-порнографија, поуката што ја извлеков од Мелвил сега сјајно, иако не сакајќи, ја илустрира упадот на Крис Ворд од 2008 година во каубојското порно, До последниот маж (To the Last Man), „вестерновски еп“ во кој сижето е наточкано со низа драматични убиства – нешто ново во геј-порното – небаре ништо помалку од тоа не можело да ја гарантира машкоста на машките ликови кои на платното имаат секс еден со друг. (Ворд, меѓутоа, објавил и ненасилна верзија од филмот за оние поситничави или морално построги гледачи, кои си сакаат геј-сексот да им биде машки, но не баш до точка на убивање).250 ‌Поларноста на настраниот сензибилитет и на сексуалната желба ги потсетува тие што учествуваат во машката геј-култура дека се неизбежно заплеткани во родовите вредности, еротски дихотомии и други општествени значења.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Од неа зависи сексуалното достоинство на геј-мажите, како и нашата еротска престижност и пожелност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби „му перат, му крпат панталони“ или дури и му прават „убавко ковчеже со фиочиња“ (296), но ако некогаш им се присака да облечат копрени гаќи, за тоа сигурно збор не испуштаат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ова е гејност не како изопачена сексуалност, туку како самотен настран сензибилитет, кој е од аристократски, а не од комунитарен вид.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа е субјективитет обликуван во дихотомија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Убиство е токму она кон што ќе ве доведе целосното отсуство на кампот. ‌Истава поента одново ја изнесе Рајнер Марија Фасбиндер, во својата филмска адаптација на Керел (Querelle) од Жан Жене, роман што само оди чекор понатаму во трансформацијата на Мелвиловата приказна од морална порнографија во геј-порнографија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не е со други луѓе (други мажи), туку, најсвојствено, како сам маж в соба, во ентериер“.247 Сликата на Бартлет за претставителниот геј-маж не е слика на човечка споеност или сексуално единство, туку за поединец кој самува в соба со своите работи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Долгогодишен сопатник (Longtime Companion), каде што дечкото го фаќа обично мажествениот Фази како занесно отвора уста на жизнерадосната женска вокална нумера од Дримгрлс.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, тие примери на геј-култура, кои ни ги ставаат пред очи за да им се восхитуваме, изгледа, се состојат токму од новите дела што почиваат врз настраниот живот или барем што искажуваат настран сензибилитет, а што во секој случај ги создава актуелната жетва на настрани уметници.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
‌Пол е, можеби, најгеј-лик во целата книжевност,244 барем во смисла на тоа дека големи делови од наративот на Катер изгледа се намерно устроени за да му се придаде на секое негово својство и дејство некое преопределено геј-значење.245 Но, тој е сушт настран сензибилитет и хомосексуална желба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Понешто од „женственото во мажот“, сигурно, можеби опасно тлее во машкото срце, но барем нема свежо цвеќе во Мелвиловиот приказ на британската морнарица.249 Мелвил прикажува жесток семашки свет, во кој нема ни најбледичок знак на настран сензибилитет, но кој истовремено е крајно опиен од машка убавина – со таа негова „красота и моќ, секогаш привлечни во мажествениот спој“ (292) – и е сеприсутно проткајан со истополова желба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Својски и отворено да учествуваш во културни практики што изгледа дека изразуваат трансродов субјективитет или кои се обележани како женствени – било затоа што самиот настран сензибилитет се става на женската страна од традиционалната поделба помеѓу кралиците и трејдовите, било едноставно затоа што обожавањето диви или други женски икони би изгледало дека одразува длабоко идентификување со жените од страна на геј-мажите – е општествено и еротски ризична работа за геј-мажите, без разлика колку се горди и колку се прифатиле себеси. ‌Ете ја сцената од филмот на Норман Рене од 1990 г.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дури и додека ја исмеваат „идентитетската уметност“ како старомодна, барем кога се состои од работи што не им се допаѓаат, желни се да ја слават геј-културата кога ја создаваат „најжешките и најсвежите таленти што постојат“ и важат за ликови што „ги дрмаат медиумите – од музика и јужноменхетенски театар до авангарднa литература и трансбурлески“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Туку му зборува на настраниот сензибилитет и субјективитет – со нејзиниот фрапантен изглед, нејзиниот пркос кон нормалноста, нејзината соработка со Бјонсе, нејзиното освежување на поп-музиката – а релативно малку има врска со нејзината задоцнета бисексуална идентификација и со политичката поддршка на геј-идентитетот.137 Гага од почетокот се труди да преземе контрола врз својата геј-привлечност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можете да си замислите што ќе зборуваат за десет години идните настрани тинејџери за „јужноменхетенскиот театар“ и за „трансбурлеската“, а и оние што ја заминале триесеттата и што ги сакаат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Пол е неавтентичен и стерилен, неумолив лажго и фантазер, со заблуди за грандиозност. Животот би си го дал за неприкосновената возбуда да помине една недела во стариот хотел Волдорф-Асторија во Њујорк, длабоко самопотврдно искуство што му дава „чувство дека искористил колку што можел, дека го проживеал животот за кој бил скроен“ (135).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Неговата нервоза, хистерија, импулсивност, неговата љубов кон гламурот и „морбидната љубов кон згодни работи, кон придушена светлина и кон свежо цвеќе“ (122) се сѐ особини што се општествено кодирани како немашки и што му го заведуваат геј-сензибилитетот под знаците за невротичност и, особено, за женственост. ‌Херман Мелвил, пак, ги протерува сите траги на женственоста од човечкиот крајолик во „Били Бад“ (1891).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-културата им е нешто како валкана тајна на излезените и горди геј-мажи, односно на сите геј-мажи што сакаат да си ги афирмираат еротичноста, мажественоста, вредноста како сексуални субјекти и објекти, кои идентитетот си го темелат врз сексуалноста и се дефинираат според истополовата желба наместо според настраниот сензибилитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Па, тогаш, јасно е зошто ниеден геј-маж – барем ниеден геј-маж кого го преобразиле практиката на кампот и неговото радикално гледиште за родот и за општествената хиерархија – не би ви бил посебно желен да се поврзува со мошне феминизираните дејства на традиционалната машка геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)