настран (прид.) - драма (прид.)

Ладлам не поживеа доволно долго за да ги запознае и да ги презре хипстерите, но веќе се имал сретнато со нешто што го нарекол „хетеросексуален камп“, кој не го почитувал многу: „Нешто стварно ужасно е хетеросексуалниот камп, она некакво намигнување што ти вели ‘не мислам баш сериозно“.415 Наспроти тоа, пак, оној вид иронија што го дефинира машкиот геј-камп не искажува дистанцираност и одрекување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Крајната цел на имитацијата на Копола на една женска имитација на Џоан Крафорд е да им се овозможи на Соник јут пристап до еден поткултурен стил на настран културен отпор, кој ѝ е директно противен на таквата комодификација, а на кој ќе можат да се повикаат, кој ќе можат да си го присвојат и да ѝ го претставуваат на сопствената публика како негова хип алтернатива.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Под превезот на ‘иронијата’“, приговара, „хипстеризмот го фетишизира автентичното и го изблувува со намиглива неавтентичност“.414 На Лоренцен му претходеше настраниот драмски писател Чарлс Ладлам, основач и директор на Урнебесната театарска дружина во Њујорк.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Стрејтерската хипстерска култура, всушност, вирее благодарение на „вештачкото присвојување на разни стилови од разни ери“, според еден презирен напис за хипстерите од насловната страница на хипстерското списание Едбастерс; обожава да си игра со „симболи и икони“ на маргинализираните или угнетените групи, откако тие симболи и икони „ќе ги присвои хипстерајот и откако ќе им го исцеди сето значење“.413 Во еден друг, сега веќе прочуен напад на хипстерите, Кристијан Лоренцен оди уште подалеку.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)