наш (прид.) - мал (прид.)

— Помошта наша мала ќе биде, но кога веќе си дошол, ќе ги бараме заедно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По неа екот го прифатија и долиштата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа е наша мала тајна.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Крстопатот, како централно подрачје каде поминуваат сите патишта кој југ- север, исток- запад, вкрстени точно на оваа наша мала точка на која се сечеа трансферзалните меридијани: едниот кој поаѓаше од развиениот, богат со нафта, исток а достигнуваше до развиениот запад, со другиот кој поаѓаше од развиениот север до развиениот југ.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
После неколку месеци Лабрис повторно живна, во Лифт, првиот и единствен стрип часопис посветен на уметничкиот и андерграунд стрип во нашата мала држава.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
А.А. почека уште малку, погледна лево-десно, бевме сами во кафеаната, со чашка ракија пред нас, па продолжи со надеж дека ќе го предизвика мојот одговор: - Спасот на нашата мала, поделена и опкружена татковина со непредвидливи непријатели е само во извор­но­то и непоколебливо придржување на идеите марксиз­мот-ленинизмот, и сега посебно сталинизмот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Со вечерниот мрак се враќа и мирот во нашата мала оаза.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Маврово го сакавме и двајцата. Нашата мала викендичка, целата од дрво, се наоѓа на работ од шумата.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
По овој пат, во самарот на нашиот мал црвен коњ сместени двајцата, јас и роднината Вана, убава како ангел.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На третата ноќ, додека караванот наш мал ноќеваше, Филозофот ме разбуди и рече: го отклучив записот и видов што има зад буквите.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Моја беше идејата да отидеме попладнево во парк без да им кажеме на нашите дома.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас се обидував да ја задржам присебноста и да смислам нешто паметно, оти се чувствував одговорна за нашата мала група и за ова што нѝ се случува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Вам ви се гади од мојата искреност. (Пауза) Ни треба туѓа голема несреќа за да ја споредиме со нашата мала несреќа и да се почувствуваме во предност.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Во нашата мала соба над месарницата освен креветот имаше и два стола.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Многу години подоцна, кога во родната земја, со натчовечки сили, се изгради пругата од Тирана до Поградец, односно до самата граница, се крена, од другата страна на границата, и пругата на нашето мало вовче.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
ХАОСОТ ОДВНАТРЕ
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ѕвездената астрономија опишува еден универзум на фантастична разновидност: стотици билиони ситни ѕвездени системи во нашата мала галаксија, стотици билиони галаксии во нашиот малечок универзум.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)