најголем (прид.) - во (предл.)

Така, ја посетив и Зоолошката градина, за која слушав уште во Келн дека била една од најразновидните и најголемите во Германија, па и во Европа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Љубезните домаќини на овој индустријализиран комбинат за произведување на домати, и краставици и на други зеленчуци ни раскажуваат како никнало ова стопанство, овој град од оранжерии кои по своето пространство, големина и производство се едни од најголемите во светот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Уште во Брисел ми расправаа дека Бланкенберге на Северно Море е најголемо летувалиште и одморалиште на Белгија, па и најголемо во овој дел на приморска Европа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Нашата куќа беше една од најубавите и најголема во селото.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
И ми рече од него да купам пајак отровен, најголем во родот свој, со крст на грбот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Стапката на невработеност беше најголема во Европа.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На привремена работа од тогашна СФРЈ беа повеќе од 750.000 лица.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Та зарем не е токму во тоа она најголемото во луѓето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Друг момент од „најголемото во Јапонија” е персоналот; дваесет куратори под водство на Kunio Yaguchi, а во чиј состав е и ценетиот Маргина 34 139 научник Junichi Shiota.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Изложбата од МОТ-овата јапонска повоена уметничка збирка - најголема во светот - вклучува дела на уметници малку познати на меѓународната сцена, како: Mokuma Ki- kuhata, Tomio Miki и Natsuyuki Nakanishi.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во земјата која необично многу ја поддржува современата уметност, првата специјализирана институција - со разновидни слики кои се гордеат со атрибутот „најголеми во Јапонија” - се бори да ги исполни големите очекувања на публиката.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тогаш ми се стори дека слободата е најголема во сонот и дека најмногу се исплатува да се бориш за сонот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дека притисокот не е најголем во централната точка на основата, туку долж еден прстен од честички што се распоредени малку подалеку од центарот на основата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)