8. Она што во преминов ќе го сонуваат,              ... овој терминално разигран пар, кога наскоро ќе заспијат, ќе биде прескокнато:           секвенците од соништа се строго забранети во нивниот дом, па и ако е тоа само изнајмена           соба на некој карипски или флоридски остров, најнов и последен во среќно протегнатата           низа низ со работа исполнетите децении на нивните споени животни приказни.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 34“
              
              (1996)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  И тој како ѕидар учествуваше во развојот на овој предел, одејќи во чекор со најновите усовршувања и иновации во трговијата, употребувајќи најнови и различни материјали, менувајќи ги стиловите на куќите, што ги градеше, од стари конвенционални модели до најнови типови на ранчови, и подредените викендички кои сега се протегаа во бескрајни редици на обете страни од сообраќајната артерија.
               
             
           
            
            
              „Невестата на доселеникот“
               од Стојан Христов 
              (2010)